Осмомартовски марш утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Традиционално и годинава во Куманово ќе се одржи Маршот за родова рамноправност по повод Денот на жената, утре со почеток во 12 часот на Градскиот плоштад, а во организација на здруженијата Јустиција, Фибула и Цивис.

Loading...

Организациите ги повикуваат своите членки, како и сограѓаните и сограѓанките од Куманово и пошироко да се приклучат во ширењето на пораката „Сиромаштијата е сексистичка, Размислувај рамноправно, гради рамноправно и мудро бори се за промена“.

– Имаме одговорност на овој ден да ја потенцираме нерамноправноста во поделбата на раководните функции, сиромаштијата во контекст на родовиот аспект и да проговориме за социо-економските фактори кои ја поддржуваат родовата нерамноправност, како и за насилството врз жената. Повикуваме да ни се придружат мажи и жени рамноправно бидејки овој настан не е во прилог на радикалните верувања ниту тенденции против мажите. Со посебен пиетет се прифаќа поддршката и соработка од страна на мажите, на каузата која ја застапува овој марш, велат организаторите.

Зборното место е Занаетчискиот дом, а на краткиот настан учесниците и учесничките во настанот ќе поделат рачно изработени цвеќиња, пораки и заедно ќе маршираат до споменикот Жена борец каде ќе испратат пораки за почит кон сите оние кои дале придонес за родова рамноправност.

фото: архива

Leave a Reply