Тројца новинари, меѓу кои и новинар на агенцијата Франс прес, кои турските власти ги уапсија под обвинение за учество во забранети демонстрации во Истанбул, денеска се ослободени, објави адвокатот на еден од нив.
Шест новинари беа уапсени во понеделникот во Истанбул поради известување за демонстрации; кои властите ги забранија, а најмалку тројца од нив беа ослободени денеска, објави Турската асоцијација за одбрана на човековите права (МЛСА).
Меѓу нив е и новинарот на Франс прес, Јасин Акгул, како и фотографот Булент Килиќ, кој претходно работел за агенцијата Франс прес и е добитник на бројни меѓународни награди.
Нивните адвокати рекоа дека ќе бидат ослободени во текот на денот.
Новинарите беа уапсени во понеделникот во зори во нивните домови.
Бран демонстрации беше предизвикан во Турција по апсењето на опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу на 19 март.
Апсењето на новинарите предизвика бројни меѓународни осуди.
„Ослободувањето на Јасин Акгул е добредојдено и претставува исправање на огромна неправда. Бараме ослободување на сите други новинари кои се целосно неправедно приведени“, изјави за АФП Ерол Ондероглу, претставник на невладината организација Репортери без граници (РСФ) во Турција.
Турските власти, кои забранија собири во неколку поголеми градови во земјата, известија дека од почетокот на протестите уапсиле повеќе од 1.400 демонстранти, чии слични во земјата не се случиле по големите демонстрации во 2013 година.