Орбитата на Земјата доби „мини Месечина“

Сподели со своите пријатели

Земјата ја „усвои“ втората „мини Месечина“ со големина на автомобил, откриваат астрономите, откривајќи предмет што орбитира околу нашата планета.

Loading...

Со величина од 1,9х3,5 метри била забележана од астрономите Каспер Вирцос и Теди Прин од опсерваторијата во Аризона, објект финансиран од НАСА.

Како изгледа темната страна на Месечината? (ВИДЕО)

„Голема вест. Земјата привремено зароби објект наречен 2020 ЦД3“, веројатно астероид од типот Ц, објави Вирцос.

Тоа е само втор астероид за кој се знае дека кружел во Земјината орбита, по објектот именуван 2006 RH120, кој го откриле и во Каталина.

Неговата траекторија сугерира дека тој влегол во Земјината орбита пред три години, рече Вирцос.

НАСА распиша конкурс за астронаути, а ова се условите

Веројатно станува збор за астероид привлечен од гравитацијата на Земјата бидејќи не се пронајдени докази дека станува збор за вештачки предмет.

Loading...

Новиот сосед на Земјата не е во стабилна орбита и малку е веројатно дека ќе остане таму долго.

„Се оддалечува од Земјата и најверојатно ќе избега и ќе патува во друг систем напролет“, рекоа астрономите.

НОВО ОТКРИТИЕ: Мистериозните сигнали од вселената се јавуваат на 16 дена

Првиот астероид, RH120 од 2006 година, орбитираше околу Земјата од септември 2006 до јуни 2007 година.

Leave a Reply