Орбан: Можно е да се испратат западни војници во Украина за два до три месеци

Сподели со своите пријатели

Западните земји би можеле да одлучат да испратат војници во Украина за два до три месеци, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Loading...

– Најалармантно е што она што беше незамисливо пред два до три месеци станува секојдневен настан два до три месеци подоцна – изјави Орбан за „Кошут радио“.

Тој потсети дека германските власти првично рекоа дека нема да испратат смртоносно оружје, но сега велат дека Германија ќе испрати ракетни системи во Украина кои можат да се користат за напади на руска територија, па дури и на Москва.

– Она што сега е апсурдно и невозможно ќе стане реалност за два-три месеци – рече Орбан, пренесува РТРС.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.