Оптичка илузија што крена голема прашина: Никој не е сигурен што гледа на оваа слика (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кога @YOONlKITTI сподели слика со неколку нијанси на виолетова на Твитер пред неколку дена и ги праша другите колку бои гледаат на неа, тој сигурно не сметаше дека тоа ќе предизвика лавина од 25.000 коментари.

Loading...

Тоа е таканаречената „илузија на Максов опсег“ именувана по физичар кој забележал дека мозокот е збунет од изразениот контраст во точката на преминот на бојата – така што на скалата на бои некои гледаат 20 од нив, а други само три.

Покрај тоа, мрежницата на окото ја „фаќа“ сликата различно за секого, а бројот на боите што ги гледаме е значително под влијание на надворешни фактори, како на пр. прекршување на светлината на екранот на уредот што го користиме.

– Бројот на бои што ги гледате зависи најмногу од екранот на уредот од кој ја гледате сликата; било да е тоа паметен телефон, лаптоп или десктоп компјутер – објасни корисникот на Твитер и додаде дека овој број најмногу ќе зависи од светлината и „расположението“ на екранот, како и од осветлувањето во просторијата.

– Гледам 11 од нив – рече друг корисник и додаде дека „успехот“ во решавањето на оваа задача зависи и од нашата визија, така што постарите луѓе веројатно ќе видат помалку бои, без оглед на графиката на мониторот.

По него следел 76-годишен старец кој коментирал дека „и покрај неговата возраст, тој гледа 13 бои“, додека некои многу помлади гледаат три или четири, а мажите генерално споменуваат помалку бои од жените во коментарите.

– Докажано е дека мажите гледаат помалку разлики во нијансите на боите – коментира еден корисник и додава дека имаат поголема веројатност да страдаат од далтонизам (нарушувања во препознавањето на бојата), но и дека се подобри во забележувањето детали во подвижните слики, што била голема предност за нашите машки предци во ловот, пренесува Metro.uk.

Loading...

Колку бои видовте вие?

 

Leave a Reply