Општина Куманово е во разговори со германската компанија „Дрекслермаер“ за проширување на нивните производствени капацитети во градот и отворање нови 2.000 работни места.
Ова денеска го истакна пред медиумите градоначалникот Максим Димитриевски кој оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија Анке Холштајн.
– Веќе како општина сме во разговори со менаџментот на оваа компанија Дрекслермајер за отварање на дополнителен капацитет во којшто би имале можност во следниот период од две години да се вработат некаде повеќе од 2.000 наши сограѓани, изјави Димитриевкси.
Како што потенцираше тој, приоритетот е да се развива локалната економија и да се дадат еднакви можности за инвестиции како на странските така и на домашните инвеститори.
Токму со амбасадорката Холштајн по работната средба, Димириевски ќе ја посети компанијата.
Градоначалникот упати благодарност до амбасадата и германскиот народ за донација на Општина болница Куманово во периодот на ковид пандемијата, а воедно истакна дека денеска се зборувало за досегашната, но идна соработка.
– Општина Куманово е секогаш отворена за соработка со сите амбасади, но особено ми е драго што со германската амбасада имаме високо ниво на разбирање и соработка. Разговаравме на поголем број на теми. За нас приоритет е локалниот еконосмки развој и развојот на економијата во градот и нашата индустриска зона Новине и Речица. Заедно денеска ќе го посетиме погонот на Дрекслермаер во Куманово, рече Димитриевски.
Според амбасадорката Холштајн, на општините им е потребна економијата и како што вели „ таа може да функционира само доколку добро функционираат општините“.
Минатата недела Димитриевски бил и еден од панелистите на настан во организација на германско – македонската стопанска комора.
– Настан кој што всушност покажува дека политичката обоеност кога станува збор за суштински прашања воопшто не би требало да игра никаква улога, и на овој настан без поканети градоначалници и претставници од стопанството и целта беше да се промовира заедничка соработка. Градоначалникот Димитриевски зеде учество како панелист на овој настан и тој нагласи дека тоа е првпат настан со политичките фондации кои што разговараа за економски теми, а тоа е всушност погрешно. На општините им е потребна економијата, таа може да функционира само доколку добро функционираат општините, рече амбасадорката Холштајн.
Никола Ивановски