Општина Куманово ја намали комуналната такса за фирма

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ја намалува висината на комунална такса за фирма, односно назив за деловна просторија – фирмарина од 6000 на 4000 денари за 2020- та година.

Loading...

– Со оглед на новонастанатата состојба со  Covid-19, пандемијата од светски рамки, и консеквенците кои истата  ги предизвикува врз стопанството и економијата, со цел да ми  излеземе во пресрет на компаниите да ги надминат нарушувањата предизвикани од коронавирусот, да се обидеме максимално да им помогнеме поднесовме предлог- одлука денеска до Совет на Општина Куманово за намалување на висината на комуналната такса( фирмарина) од 6.000 на 4.000 денари. Одлуката е издржана, од општ заеднички интерес и  е намалување од максимален износ согласно тарифникот за пресметка на комунални такси, изјави Ненад Стојановски, овластен раководител на Сектор за даноци и такси.

Вкупното намалување за сите правни субјекти изнесува околу 6.770.000 ( шест милиони и седумсто и седумдесет илјади) денари.

– Пристигнуваат барања до Општина Куманово и до градоначалникот и до Секторот за даноци и такси од голем број на правни субјекти кои бараат да бидат ослободени за комунална такса за 2019 и 2020 година. Сакам да појаснам дека ослободување од плаќање на фирмарина не е возможно, затоа што со Закон за комунални такси не е дозволено ослободување. Предвиден е тарифник со маргини и Ние со оглед на нашите надлежности и ингеренции донесовме одлука фирмарината да е најниска согласно законот, додава Стојановски.

Заради целата состојба, Општина Куманово, Сектор за даноци и такси нема да испраќа опомени и нема да врши присилна наплата за периодот додека трае вонредната состојба.

Никола Ивановски

Leave a Reply