Општина Куманово ги достави решенијата за присилна наплата на даночните обврзници

Сподели со своите пријатели

Сите даночни обврзници (физички и правни лица) кои во наредниот период на своја адреса ќе добијат решение за присилна наплата од Општина Куманово, веднаш да пристапат кон плаќање на наведениот долг во согласност со решенијата за присилна наплата, со што би се избегнала непопуларната мерка – блокада на сметки во деловните банки.

Loading...

– Решенијата за присилна наплата на фирмарина односно назив за деловна просторија се достасани, субјектите ги имаат добиено на своите адреси  преду АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ и оние субјекти кои го немаат подмирено својот долг од денеска ќе почнат и да бидат блокирани во деловните банки, вели Ненад Стојановски, овластен Раководител на Сектор за даноци и такси при Општина Куманово.

Доколку даночните обврзници кои се опоменати , или на кои им е испратено решение за присилна наплата во меѓувреме го имаат платено долгот, треба да се обратат во просториите на Општина Куманово,  Сектор за даноци и такси со доказ за уплата на долгот.

Даночните обврзници кои немаат добиено решение за данок на имот или кои ќе констатираат несовпаѓање на наведената состојба во решението со фактичката состојба, имаат обврска со соодветна документација да се обратат во Општина Куманово, Сектор за даноци и такси, административна здрада на поранешен АД Козјак, наспроти Градскиот стадион, канцеларија   бр. 3 и бр.10.

– Даноците и таксите се примарни приходи од кои се полни општинскиот буџет, основни приходи од кои потоа се прават улици, сообраќајници, инфраструктура, градинки, школи, културни и спортски манифестации. Да си ги платиме давачките, тоа е наша законска обврска, за да можеме сите заедно да ја градиме општината, вели Стојановски.

Leave a Reply