Опколен со домородци вооружени со копја и стрели: Пилот фатен како заложник (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Сепаратистите во регионот Папуа во Индонезија објавија видеа и слики од Филип Марк Мехтенс, пилотот од Нов Зеланд што го зеле како заложник минатата недела.

Loading...

Пилотот од Нов Зеланд, Филип Марк Мертенс, кој работи за индонезиската авиокомпанија Суси Ер, бил киднапиран минатата недела.

Тој бил земен како заложник од членовите на Националната ослободителна армија на Западна Папуа, борци на сепаратистичкото движење за слободна Папуа, кои го нападнале откако слетал на пистата во Паро, град кој се наоѓа во оддалечениот округ Ндуга во Индонезија.

Во авионот имало пет патници, а требало да земе 15 градежни работници кои работеле на изградба на здравствен дом во Пар.

Локалните власти известија дека сепаратистите им се заканувале на работниците со смрт.

„Нашиот план беше да ги евакуираме работниците кои ги налутија бунтовниците. Тие одговорија со запалување на авионот и киднапирање на пилотот“, рече началникот на споменатиот округ Намија Гвијангге, додавајќи: „Многу ни е жал за овој инцидент“.

Вооружени со копја, лакови и стрели

Бунтовниците ги ослободиле петте патници бидејќи биле Папуанци, изјави нивниот портпарол Себи Самбон.

Тој, исто така, испрати на новинската агенција Асошиетед прес видеа и слики на кои се гледа како вооружени сепаратисти го палат авионот.

Loading...

Егианус Когоја, лидерот на сепаратистите, во видеото рече дека пилотот бил киднапиран за да ја „ослободи Папуа“ од Индонезија.

На едно од видеата, Мертенс се гледа како стои во шумата опкружен со група мажи вооружени со пушки, копја и лакови и стрели.

Во еден момент Бунтовниците на Мехтенс му наредиле да каже дека „Индонезија мора да ја признае независната Папуа“.

„Го зедов како заложник за независноста на Папуа, не за јадење или пиење“, рече Когоја, кој стоеше до заложникот во тоа време, додавајќи: „Тој ќе биде безбеден со мене додека Индонезија не го употреби своето оружје“.

Конфликтите во Папуа се вообичаени

Министерот за политички, безбедносни и правни прашања на Индонезија Мохамад Махфуд изјави дека владата работи на убедување на сепаратистите да го ослободат пилотот, објави Гардијан.

„Земањето цивили како заложници е неприфатливо, без оглед на причините“, рече министерот.

Тој додаде дека најдобро е се да се реши преку дипломатија, но дека „владата не исклучува употреба на други средства“.

Тој исто така рече дека индонезиската влада смета дека Папуа е дел од Индонезија и ќе остане засекогаш.

Loading...

Матиус Фахири, шеф на папуанската полиција, им изјави на новинарите дека поради ослободувањето на Мертенс, биле контактирани водачите на различни заедници, од племиња до цркви, и дека со нивна помош се обидуваат да преговараат со бунтовниците.

Судирите меѓу домородците и индонезиските безбедносни сили се вообичаени во сиромашната Папуа, поранешна холандска колонија која културно и етнички е многу различна од остатокот на Индонезија.

Тој регион стана дел од Индонезија во 1969 година, по гласањето за кое многумина веруваат дека е наместено.