ОН: Во Украина досега се убиени 1.276 цивили

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на рускиот напад врз Украина, до 31 март, загинаа 1.276 цивили, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права во Женева (ОХХР).

Loading...

„ОХХР верува дека бројот на убиени е многу поголем, а информациите од некои области каде што се водат интензивни борби доцнат и многу податоци чекаат да бидат потврдени“, се наведува во документот на ОН од петокот, пренесе украински Интерфакс.

 

Украина ги забрани руските воени симболи „V“ и „Z“

 

Агенцијата при ОН наведува дека повеќето луѓе загинале од експлозивни направи, поточно гранатирање и ракетирање.

Меѓу нив има 260 мажи, 184 жени, 36 момчиња, 18 девојчиња, додека полот на 61 дете и 717 лица се уште не е познат.

Потврдено е и дека досега се ранети 1.981 цивил.

Loading...