ОН: Над 17.000 цивилни жртви во Украина од февруари

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 17.000 цивили, меѓу кои над 400 деца, ги загубија животите во Украина од февруари, според координаторот на ОН за итна помош Мартин Грифитс.

Loading...

Повикувајќи се на податоци од Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Грифитс рече дека од 24 февруари, на почетокот на рускиот напад врз Украина, убиени се 17.023 цивили, меѓу кои 419 деца, пренесе ТАС С.

„Сепак, знаеме дека реалниот број на жртви е далеку поголем“, рече Грифитс.

Тој исто така изјави дека Светската здравствена организација пријавила најмалку 715 напади врз здравствениот систем на Украина, прецизирајќи дека 630 напади биле врз здравствени установи и 61 врз персонал.

Според него, повеќе од 14 милиони Украинци биле принудени да ги напуштат своите домови, меѓу нив 6,5 милиони се внатрешно раселени, а повеќе од 7,8 милиони се бегалци ширум Европа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.