ОН денеска гласаат за предлогот Русија да плати воена репарација на Украина

Сподели со своите пријатели

Генералното собрание на Обединетите нации денеска на иницијатива на западните земји ќе гласа за резолуција со која Русија ќе биде одговорна за кршење на меѓународното право поради нејзиниот напад врз Украина, што ќе бара од неа да плати воени репарации.

Loading...

Во нацрт-резолуцијата, до која АП имал пристап, се заклучува дека е неопходно да се воспостави „меѓународен механизам за репарација за штети, загуби или повреди“ предизвикани од „неправедните дејствија“ на Русија против Украина.

Резолуцијата предлага 193-те земји-членки на Генералното собрание на ОН, во соработка со Украина, да формираат „меѓународен регистар“ кој ќе ги документира барањата и информациите за штетите, загубите и повредите што Русија им ги нанела на Украинците и нивната влада.

– Западните земји се обидуваат, со помош на Генералното собрание на ОН, да им дадат некаков привид на легитимитет на обидите за присвојување замрзнати руски имоти – изјави во неделата вечерта во Телеграма заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

Агенцијата РИА Новости додава дека Полјански посочил дека „и луѓето кои не се стручни сфаќаат дека се работи за политизација, и дека усвојувањето на таков документ би било безвредно“.

– Генералното собрание нема овластување ниту да се вклучи во репарации. Поточно, рускиот имот е замрзнат на Запад – рече Пољански.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.