ОН бараат мислење од Меѓународниот суд на правдата за израелската окупација

Сподели со своите пријатели

Мислењето на Меѓународниот суд на правдата (МСП) за правните последици од израелската окупација на палестинските територии побараа 193 членки на Генералното собрание на Обединетите нации, пренесува Танјуг.

Loading...

Во војната во 1967 година, Израел ги окупираше Западниот Брег, Газа и Источен Ерусалим, области кои Палестинците ги сакаат за држава, потсетува извештајот на Ројтерс.

Израел се повлече од Газа во 2005 година, но заедно со соседниот Египет ги контролира границите на оваа палестинска енклава.

Највисоката судска инстанца на ООН

Меѓународниот суд на правдата со седиште во Хаг, познат и како Светски суд, е највисоката судска инстанца на ОН која се занимава со спорови меѓу државите и неговите пресуди се обврзувачки, иако институцијата нема овластување да ги спроведува.

Израел, Соединетите Американски Држави и 24 други членки на ОН гласаа против оваа мерка, додека 53 земји беа воздржани.

Поранешниот премиер на Израел Јаир Лапид, кој во четвртокот беше сменет од Бенјамин Нетанјаху, минатиот месец ги повика светските лидери да се спротивстават на потегот, кој според него „игра во рацете на екстремистите“.

Хамас ја презеде Газа во 2007 година.

Групата Хамас ја презеде Газа во 2007 година по кратката граѓанска војна со поумерените палестински ривали, но оттогаш Хамас и Израел водеа три вооружени конфликти во Газа.

Loading...

Палестинскиот претставник на ОН Ријад Мансур истакна дека гласањето дојде еден ден по полагањето заклетва на новиот тврдокорен израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, кој ветува дека ќе ги прошири еврејските населби и ќе продолжи со други политички активности што предизвикаа критики и дома и во странство.

Последната одлука на МСП за израелските бариери беше отфрлена од владата на еврејската држава и го обвини судот дека е политички мотивиран.