Огромен број настани месецов во рамките на програмата за „11 Ноември“

Сподели со своите пријатели

Голем број културни и спортски настани ќе бидат организирани месецов во Куманово во рамките на програмата за одбележување на Денот на градот – „11 Ноември“.

Loading...

Програмата, која ја објави Општина Куманово, започна на 1ви месецов, а ќе трае до 27ми ноември.

Веќе се одржаа изложбата „Фото салон“ и музичкиот „Џез фестивал“.

Програмата продолжува во понеделник со Јубилеен концерт на Нино Величковски по повод 40 години од неговата успешна музичка кариера. Настанот ќе се одржи во НУЦК „Трајко Прокопиев“ од 19:30 часот.

Во вторник на 7ми ноември во Занаетчискиот дом Куманово со почеток во 18:00 часот ќе се одржи трибина во вид на поинаква психотерапија на тема „Депресија низ стиховите на Рупи Каур“.

На 9ти ноември (четврток) на Градскиот кеј со почеток од 10:00 часот ќе се одржи Натпревар во вешто возење на велосипед.

Густ распоред на настани ќе има воочи самиот празник на 10ти ноември, а програмата започнува со фудбалски турнири во млади категории кои ќе започнат од 09:00 часот во арената „Еуроспорт“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

Од 10:00 часот следува кошаркарски турник во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Loading...

Два часа подоцна, во 12:00 ќе започне турнир во мал фудбал на спортскиот терен Соколана.

Од 12 часот се очекува да започне и уличната атлетска трка низ централното градско подрачје.

Следува турнир во добојка кој од 17:00 часот ќе се одржи во спортската сала на ОСТУ „Наце Буѓони“.

Од 19:30 часот во Уметничката галерија на НУ „Музеј Куманово“ ќе биде отворена традиционалната Изложба на кумановски ликовни уметници.

Настаните на 10ти ноември ќе кулминираат со мега концерти на градскиот плоштад со почеток во 20:00 часот. Настапуваа Мартинијан Кириловски, Пајак и Лара, Туна и легенрадните ДНК.

Настани на 11ти ноември:

На 11ти ноември со почеток во 07:00 часот ќе се одржи Градски куп во спортски риболов на езерото Гогомнод.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

Од 10:30 часот во спортската сала на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ започнува турнир во пинг понг.

Loading...

Централниот настан за одбележување на Денот на градот, започнува во 11:00 часот кога на Спомен Костурница свежо цвеќе ќе положат бројни делегации и граѓани.

Во исто време во холот на СОУ „Перо Наков“ започнува рапид турнир во шај.

Следува свечена седница на Советот на Општина Куманово која од 12:00 часот ќе се одржи во НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Точно напладне во спортската сала на ООУ „Магдалена Антова“ започнува турнир во мал фудбал.

Од 19:00 часот истиот ден ќе се одржи „Тоширо“ – Меѓународен семинар во аикидо со почеток во 19:00 часот.

Утредента на 12ти ноември ќе се одржи шаховски блиц турнир во холот на СОУ „Перо Наков“.

На 14ти ноември во Занаетчискиот дом со почеток во 19:00 часот ќе се одржи Музички концерт на УОМО „Панче Пешев“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

На 15 ноември ќе се одржи завршна манифестација по повод месецот на книгата, а истиот ден од 19:00 часот ќе бидат доделени награди во Занаетчискиот дом за најдобра литературна творба по повод „11 Ноември“.

Loading...

На 16ти ноември ќе се одржи свечена седница по повод патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ со почеток во 12 часот.

На 20ти ноември следува промоција на детската книга „Ние и нашето училиште“ од Љиљана Тричковиќ.

Утредента на 21ви ноември, по повод Денот на албанската азбука во Занаетчискиот дом од 19:00 часот музички концерт ќе одржи УОМО „Панче Пешев“.

На 24ти ноември самостојба изложба ќе има Дејвид Стоилковски со почеток во 19:30 часот во Уметничката галерија на НУ „Музеј Куманово“.

Ноемвриските денови официјално ќе ги затвори настанот Денови на Балканска етно ризница на 27 ноември со почеток во 19:00 часот во Занаетчискиот дом.

Никола Ивановски

Loading...