Одекнаа експлозии и истрели: Повторно чади мостот на Крим!

Сподели со своите пријатели

Во експлозиите во Керч Русите повторно го блокираа Кримскиот мост, а над него се издига густ чад, пренесува ZN.ua.

Loading...

Пред неколку минути одекнаа експлозии и истрели од огнено оружје во привремено окупираниот Керч, јавуваат локалните медиуми.

После тоа, на интернет се појавија снимки од темни облаци чад кои се издигнуваат над мостот на Крим.

Според првите информации, противвоздушната одбрана дејствувала најмалку 4 пати.

– Во реонот на Керченскиот теснец силите за противвоздушна одбрана соборија две непријателски ракети. Кримскиот мост не е оштетен. Останете смирени и верувајте само на официјалните информации – изјави лидерот Сергеј Аксјонов.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.