Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од вечерва на полноќ ќе стапат на сила нови, повисоки цени на горивата, при што поскапувањето ќе изнесува 2, односно 2.50 денари по литар.
Според објавата на РКЕ, во согласност со методологијата за пресметка на цените, горивата во просек ќе поскапат за 1.84%.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 2.00 денари, па еден литар 95-октански бензин од полноќ ќе се продава за 87.00 денари.
За 2.50 денари по литар поскапуваат и ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата. Со тоа, новата цена на 98-октанскиот бензин ќе изнесува 89.00 денари за литар, додека дизелот ќе се продава по 92.00 денари за литар.
Новите цени на горивата стапуваат во сила вечерва на полноќ.

