Од денеска извршителите продолжуваат со присилна наплата

Сподели со своите пријатели

Извршителите од денеска продолжуваат со редовните активности за наплата на долговите, откако истече важноста на Уредбата со која беше предвидено 30 дена по престанува на вонредната состојба да продолжи целосната примена на Законот за изавршување.

Loading...

Според официјалните податоци до март биле блокирани повеќе од 106.000 сметки, од што 26.000 биле на правни лица, а 80.000 на граѓани.

Од Комората велат дека иако извршувањето од сметките на граѓаните и фирмите било запрено, сепак целосно не била стопирана пресметката на каматата на долгот што го имале.

До важноста на рокот со кој извршувањето не се спроведуваше не се плаќаа задршките на плати или од сметки за извршните решенија, односно банката не ја задржуваше висината на договорената рата, но на постојните долгови се пресметуваше камата, објаснуваат извршителите. Тоа практично значи дека по завршување на грејс-периодот износот што ќе треба да се враќа ќе биде зголемен.

Leave a Reply