Обновено надворешно напојување на Запорожје

Сподели со своите пријатели

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), Рафаел Гроси денеска изјави дека надворешното напојување на нуклеарната централа во Запорожје е обновено, по прекинот при кој беа вклучени дизел генераторите.

Loading...

Гроси на Твитер напиша дека добил информација од теренскиот персонал дека надворешното напојување на нуклеарната централа во Запорожје е обновено, по исклучување утринава предизвикано од оштетување на трафостаницата при гранатирање, пренесе Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.