Облачно со повремени локални врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди во текот на денот. Попладне се очекува појава на дожд. Температурите ќе се движат од минимални 1, до максимални шест степени целзиусови.

Во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи се очекуваат во недела во текот на ноќта и во понеделник претпладне.

Leave a Reply