Обезбедени храна и средства за дезинфекција за најзагрозените семејства во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Обезбедени се пакети со прехрамбени продукти, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција од донатори и општината за најранливите категории граѓани, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

– Благодарност до „Елида маркет” Куманово која обезбеди 100 пакети на прехрамбени продукти и фирмата „Бентони” Куманово која произведе 2.000 литри средство за дезинфекција на простории, мебел, кваки и др. за кое општината набави концентрат. Овие пакети ќе бидат дистрибуирани од утре до социјално најзагрозените семејства во градот, вели Димитриевски.

Тој апелираше на разбирање до граѓаните, како што додава, ќе се обезбедат во следните денови и дополнителни количини, а телефоните за контакт во општината за асистенција се: 075207126 и 077719494.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply