Нуклеарката Запорожје повторно произведува струја

Сподели со своите пријатели

Нуклеарната централа Запорожје од денеска повторно ја снабдува Украина со електрична енергија, бидејќи сите шест нејзини реактори беа повторно приклучени на украинската мрежа, соопшти украинската нуклеарна компанија Енергоатом.

Loading...

„АЕЦ Запорожје е поврзана со мрежата и произведува електрична енергија за потребите на Украина“, се вели во соопштението на Енергоатом, пренесува Ројтерс, пренесува Танјуг.

Најголемата нуклеарна централа во Европа, која се наоѓа на југот на Украина и е под контрола на руските сили, беше исклучена од украинската мрежа поради оштетување на далноводите при гранатирање.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.