Нуклеарката Запорожје не е ризична и покрај гранатирањето

Сподели со своите пријатели

Нуклеарната централа Запорожје во моментов не претставува безбедносен ризик и покрај континуираното руско гранатирање, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Loading...

Експертите на МААЕ дадоа прелиминарна оценка дека не постои „непосредна закана“ за безбедноста на електраната поради гранатирање или други воени дејствија, изјави шефот на МААЕ Рафаел Гроси на седницата на Советот за безбедност на ОН во четвртокот во Њујорк.

„Сепак, тоа може да се промени во секое време“, рече Гроси.

Гроси ги повика Москва и Киев да им дозволат на меѓународните експерти пристап до објектот што е можно поскоро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот воен суд осуди маж на 14 години затвор за соработка со Украина

„Јас лично сум подготвен да водам таква мисија“, рече тој.

Само неколку часа пред седницата свикана на барање на Русија, електраната Запорожје во јужна Украина – најголемата во Европа и меѓу најголемите во светот – беше нападната од тешка артилерија, изјави претставник на руската окупациска администрација во Украина. .

Ројтерс не можеше независно да ја потврди таа информација.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...