Нуклеарката во Запорожје работи во „нормален режим“

Сподели со своите пријатели

Нуклеарната централа во Запорожје, која беше гранатирана за време на викендот, работи „во нормален режим“, изјави денеска шефот на воено-цивилната администрација на регионот Запорожје, Евгениј Балички, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на Интерфакс.

Loading...

„Имаме информации од армијата и претставниците на рускиот Росатом, кои се тука и само ја набљудуваат ситуацијата. Имаме информации од нив дека се работи во нормален режим“, рече Балички.

Тој изјави дека објектот, најголемата нуклеарна централа во Европа, е под контрола на руските власти.

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа во Запорожје во текот на викендот, според Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.