НСДП Куманово ќе избира ново раководство

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Нова социјалдемократска партија од Куманово во среда со почеток во 18.30 минути, во просториите на Занаетчиски дом во центарот на Куманово ќе ја одржи својата четврта општинска изборна Конференција.

Loading...

На оваа Конференција, како што информираат од партијата, ќе биде извршен избор на новото општинско раководство, односно ќе биде извршен избор на членови на Надзорен одбор, Извршен одбор и Претседател на општинската организација.

– На Конференцијата покрај делегатите, се очекува да присуствува и Претседателот на НСДП Тито Петковски, Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија Горан Мисовски, Министер без ресор во Владата на Република Среверна Македонија Зорица Апостоловска и други гости, информираат од НСДП Куманово.

Ново избраните органи ќе раководат со општинската организација во наредните четири години.

Leave a Reply