Новогодишни пакетчиња за пациентите од Детското одделение во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во придружба со Дедо Мраз го посети Детското одделение при Општа болница – Куманово.

Димитриевскиим ја честиташе Новата година на дечињата и со новогодишни пакетчиња им посака побрзо оздравување.

– Имавме чест да не посети градоначалникот и да види како се одвива работата на едно од најфрекфентните одделенија во кумановската Општа болница, ова се предпразнични денови, децата беа многу радосни што во момент кога се со нарушено здравје ги посети Дедо Мраз, им подели новогодишни пакетчиња, сите ние им посакуваме побрзо да оздрават и Новата година да ја дочекаат во круго на семејството. Овдека е доста раздвижено, се надевам дека следната година ќе имаме уште подобри услови од ова што го имаме сега, максимално се трудиме да им одговориме на потребите и желбите на нашите пациенти. На сите наши пациентчиња и сите граѓани на Куманово ќе им посакам среќа и успешна Нова година, што помалку да бидат корисници на нашите услуги, да ги служи добро здравје, среќа и бериќет во 2018 година, изјави Снежана Захариева, директор на кумановската болница.

Дневно околу 40 до 50 дечиња доаѓаат на контрола на Детското одделение, а околу 15 се хоспитализирани.