Ново истражување за климата на Марс укажува дека таму некогаш навистина постоел живот

Сподели со своите пријатели

Марс денес е сува, замрзната пустина, скоро без никаква атмосфера, за која се верува дека не содржи течна вода. За истражувачите моментално нема надеж дека оваа планета некогаш би можела да биде населена со живи суштества, но одредени научници веруваат дека во иднина сепак нешто би можело да се промени.

Loading...

Веќе некое време е познато дека Марс во далечното минато имал вода, која формирала реки и езера на неговата површина. Таа вода и натаму постои, но е заледена и се наоѓа во ледените длабочини на планетата.

Зошто ексцентричниот милијардер сака да фрла нуклеарни бомби на Марс?

Официјално сепак се уште не е утврдено дали марс секогаш бил студен како сега.

Врз основа на нови истражувања научниците сугерираат дека климата на Марс некогаш била толку топла, со толку многу дожд, што течеле реки. Тоа е теорија која ја зголемува можност дека на Црвената планета некогаш имало живот.

Претставувајќи ги наодите на геохемиската конференција во Барселона, рпфеосорката Брајони Хорган од Универзитетот во Индијана рекла дека не може точно да се одреди секој од тие периоди во минатото.

– Знаеме дека имало периоди кога површината на Марс била смрзната. Знаеме дека во одредени моменти водата слобно течела. Но, не знаеме точно кога тие периоди биле и колку траеле, рекла Хорган.

Биолог ги шокираше научниците: На Марс има живот (ВИДЕО)

Loading...

Истражувачки тим, предводен од Хоргнан ги проучувал подаоците за лежиштата на минерали на таа планета користејќи ги „Mars Curiosity Rover“ о орбиталниот „NASA CRISM“ спектрометар, кои ги следат минералните на површината, а тие укажуваат дека во минатото имало течна вода.

Потоа ги споредиле овие податоци со информациите од неколку места на нашата планета за да откријат дали има сличност меѓу древниот Марс и древната Земја.

– Нашето истражување на временските услови во радикално различни климатски услови како Орегон, Хаваи и други места на Земјата, може да ни покаже како клмата влијае на обрасците за таложење минерал, како што гледаме на Марс. Тука на Земјата наоѓаме таложење силициум во глечери, што е карактеристично за топењето вода. На Марс можеме да идентификуваме слични лежишта во помладите предели, но исто така можеме да видиме и постари подрачја кои се слични со длабочината на тлото од топлите поднебја на Земјата, рекла таа.

Водата од Марс би можела да ја потопи целата планета

Според Хорган, наодите укажуваат на општиот тренд од топла до студена клима на Марс од рпед 3 до 4 милијарди години, отприлика во исто време кога на Земјата се појавил живот.

– Ако ситуацијата е таква, важно е да ја истражиме можноста за живот на Марс. Течната вода суштински е значајна за животот. Доказите дека на Марс сме имале течна вода некогаш одамна, би можеле да укажат на тоа дека тогаш животот можел да се развие истовремено како на Земјата, рекла професорката.

Таа се надева дека мисијата „Марс 2020“ ќе може подетално да ги согледа овие минерали за да точно се утврди какви биле условите на Марс додека планетата се уште била млада.

Leave a Reply