Зошто ексцентричниот милијардер сака да фрла нуклеарни бомби на Марс?

Сподели со своите пријатели

Ексцентричниот милијардер, сопственик на компаниите „Тесла моторс“ и „Спејс екс“ опседнат е од желбата да оди на Марс, а смета дека поради тоа ќе мора претходно на „црвената планета“ да испрати нуклеарни бомби.

Loading...

Маск верува дека ако го погоди марс со нуклеарно оружје, поларните ледени капи на планетата би можеле да се стопат и да се ослободат огромни количества јаглерод диоксид во атмосферата, што во суштина би создало ефект на стаклена градина, која ја крева температурата во воздушниот притисок на планетата, па на тој начин, како по забрзани климатски промени, оваа планета би станала погодна за живот.

Милијардерот за тоа зборува веќе со години, а во 2017 година објави статија во списанието „Њу спејс“, во која детлано опушува како луѓето би можеле да изградат колонија од милион луѓе на Марс за помалку од еден век.

Можеби во обидот што повеќе луѓе да ги запознае со својата идеја, Маск наговести дека ќе започне да продава маици со натписот „Нуклеарни бомби на Марс“ (Nuke Mars).

Нејасно е дали Маск навистина е сериозен во врска со маиците, но тој делува многу сериозен во тоа луѓето да ги направи „интерпланетарен вид“.

Неговата компанија „Спејс екс“ тестира прототип на ркаетата „Старшип“ за која Маск се надева дека еден ден ќе испраќа луѓе на Марс.

Прототипот на овој брод, наречен „Стархупер“ штотуку имаше прв успешен тест откако претходното лансирање тргнало на лошо.

нАСА се надева дека ќе користи ракети на „Спејс екс“ за идните посети на Месечината и Марс.

Loading...

Leave a Reply