Новиот земјотрес во Турција однесе уште животи

Сподели со своите пријатели

Шест лица загинаа во синоќешниот земјотрес што го погоди јужниот турски град Хатај.

Loading...

Во текот на ноќта, екипите за пребарување и спасување извлекоа едно лице од урнатините на зграда во Антакија, а извлечени се и телата на уште три лица.

Како што јави репортерот на Анадолија, спасувачите работеле на извлекување четири лица од под урнатините на зграда во Антакија, а тоа биле работници на компанија за преселување, кои се обидувале да ги изнесат работите од оштетената зграда.

Селман Халак, еден од работниците на компанијата, изјави дека жртвите биле во зградата поради транспортот на нештата и дека тој тргнал да го донесе возилото токму во моментот на земјотресот.

„Четири лица беа внатре, а едно преживеа“, изјави Халак за Анадолија.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу синоќа изјави дека три лица загинале во земјотресот што го погоди Хатај во 20:04 часот по локално време.

Во земјотресот во Хатај повредени се повеќе од 290 лица, од кои 18 се со тешки повреди, потврди турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала синоќа во 20 часот и 4 минути по локално време ја погоди областа Дефне во турската провинција Хатај.

Loading...

Три минути подоцна следеше уште еден земјотрес со јачина од 5,8 степени, чиј епицентар се наоѓаше во областа Самандаг во провинцијата Хатај.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.