07.05.2015 17:47

Нови кривични пријави за две лица во рамки на акцијата ”Гора”

Facebook Twitter Google+

Во рамки на ОА „Гора“, СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против: И.А.(53) од с.Режановце, Куманово, поранешен вработен во Одделение за катастер и недвижности Куманово, поради основано сомнение дека сторил две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ и Ж.Б. (63) од с.Малотино, Старо Нагоричане, поради основано сомнение дека сторил две кривични дела: „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „пустошење шума“.

Првопријавениот во текот на 2013 година ја злоупотребил својата службена положба со намера за себе и за второпријавениот да прибави противправна имотна корист на начин што по претходен договор со второпријавениот во Агенцијата за катастар на недвижности на РМ – Одделение за катастар на недвижности Куманово,  оформил предмети за наводна исправка на техничка грешка по службена должност. Имено за 7 парцели од катастарска општина Малотино кои биле во сопственост на РМ со вкупна површина од 53.141м², без никаков правен основ изготвил Потврди за исправка на техничка грешка по службена должност во кои внел невистинити податоци за сопственост на истите. Откако ги заверил потврдите со свој потпис, ги спровел во електронскиот систем на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ – Одделение за катастар на недвижности Куманово, ги префрлил во имотен лист во сопственост на второопријавениот.

loading...

Второпријавениот иако знаел дека таквиот имотен лист содржи невистинити податоци ги искористил како вистинити поднесувајќи ги како доказ за сопственост пред Лиценцираните лица за вршење стручни работи од областа на шумарство во приватни шуми, врз основа на кои добил Одобренија за сеча на огревно дрво од шест Катастарски парцели  во вкупна количина 675м³ огревно дрво, со која извршена сеча согласно Правилникот за висина на цени за штети во шума ја оштетил РМ за вкупен износ од 4.725.000 денари.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments