Нов протестен марш пред резиденцијата на Груевски

Сподели со своите пријатели

Коалицијата Граѓаните за Македонија, најави нов протестен марш на 2 јули, кој ќе започне во 18 часот,  пред резиденцијата на Груевски.

Loading...

 Ги потсетуваме граѓаните и овој пат, со себе да носат тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети кои создаваат бучава, за Груевски да слушне и конечно да разбере дека мора да си оди.

Ние, граѓаните, громогласно ќе му кажеме на Груевски дека не сме ги заборавиле неговите злодела и криминали, за кои тој и неговата тајфа ќе мора да одговараат, а и него ќе го потсетиме на клучните телефонски разговори (бомбите) што досега ги презентираше опозицијата.

За таа цел, за време на протестот, под мотото: „Се сеќаваш ли на овие разговори? Граѓаните се сеќаваат и ќе те потсетат дека мора да си одиш!“, ќе бидат емитувани и клучните делови/разговори од бомбите, се вели во писменото соопштение на Коалицијата ”Граѓаните за Македонија”.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.