Невреме во Франција, 75.000 корисници без струја

Сподели со своите пријатели

Невреме и бури го погодија западниот дел на Франција, а 75.000 корисници на компанијата Енедис, која ги снабдува домаќинствата со електрична енергија, останаа без струја, соопштија претставниците на компанијата.

Loading...

Во 20 француски региони на север и запад од земјата и околу Париз е прогласен портокалов метео аларм, што е второ највисоко ниво на предупредување, пренесува Ројтерс.

Француски Фигаро јавува дека во некои делови на Нормандија сообраќајот е отежнат поради паднатите дрвја на патиштата, пред се на железничките шини.

Исто така, во два француски региони е прогласен портокалов метео аларм поради обилни дождови, снег и мраз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот

Пороен дожд се предвидува на југозападот од земјава, а обилни врнежи од снег на планините.