Невработеноста во еврозоната во август останува на историски најниско ниво од 6,4 отсто

Сподели со своите пријатели

Сезонски приспособената стапка на невработеност во еврозоната во август изнесуваше 6,4 отсто, исто како и во јули, што претставува историски минимум, објави денеска Евростат.

Loading...

Во Европската Унија, стапката на невработеност во август изнесува 5,9 отсто, што е благо намалување во однос на јулските шест отсто.

Евростат проценува дека нешто повеќе од 13 милиони луѓе биле невработени во Европската унија во август, од кои 10,9 милиони биле во еврозоната.

Во споредба со јулскиот извештај, невработеноста паднала за 108.000 во Европската унија и за 94.000 во еврозоната.

Ако ги споредиме сегашните податоци со резултатите од август 2023 година, невработеноста паднала за 142.000 во Европската унија и за 233.000 во еврозоната на годишно ниво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотор на авион на Рајанер се запали непосредно пред полетувањето, патниците итно се евакуирани

Во август 2024 година, стапката на невработеност на младите помлади од 25 години беше 14,3 отсто во Европската унија и 14,1 отсто во еврозоната.

Како што се наведува, стапката на невработеност на жените во Европската унија е 6,1 отсто, а стапката на невработеност на мажите е 5,7 отсто.

Висока невработеност е забележана во Шпанија 11,3 отсто, Грција 9,5 отсто, Шведска 8,4 отсто, додека ниски стапки на невработеност се регистрирани во Чешка 2,6 отсто, Полска 2,9 отсто и Малта три отсто.

Loading...