Невообичаена одлука: Како Романија се бори против сечењето дрвја?

Сподели со своите пријатели

Европската комисија одобри романска шема од 200 милиони евра за обештетување на сопствениците на шуми кои не сечат дрвја поради еколошките барања.

Loading...

Како дел од шемата, која ќе се спроведува до крајот на 2027 година, помошта ќе оди кај сопствениците на приватни шуми во вид на директни субвенции, соопштија од Комисијата, која даде согласност врз основа на правилата за државна помош.

„Целта на шемата е да се запре и промени трендот на губење на биолошката разновидност, да се подобрат услугите на екосистемот и да се зачуваат живеалиштата и пејзажите“, се вели во соопштението на Комисијата.

Се додава дека Комисијата смета дека „шемата била неопходна и соодветна за поддршка на шумарскиот сектор“.

Бриселски Политико пишува дека Романија е под притисок од ЕУ да се бори против илегалната сеча, проблем со кој земјата се бори со години.

Во 2020 година, Европската комисија покрена прекршочна постапка против Романија поради неуспехот да ги заштити шумите од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 на ЕУ и да ја запре нелегалната сеча.

Последователните романски влади воведоа мерки за борба против нелегалната сеча, вклучително и задолжителен систем за следење и специјално обвинителство и полициска канцеларија за организиран криминал поврзан со сечата.

Еколошките здруженија велат дека мерките не биле доволно ефективни и велат дека нелегалната сеча се уште се одвива во старите, заштитени шуми кои се многу важни за секвестрација на јаглеродот.

Loading...

Во мај, група европратеници беа во Романија за да дознаат колкав напредок постигна земјата во решавањето на проблемот со нелегалната сеча. Нивниот извештај се очекува во наредните месеци.