На 12 октомври околу 21 часот, борбен авион на Военото воздухопловство се урна кај Виница.
Пилотот успешно се катапултирал и се чувствува добро. Тој ги уништувал непријателските дронови Шахед-136 камикази над градот, се вели во објаснувањето на украинските воздухопловни сили.
Одговорот дојде откако на социјалните мрежи се појави видео од борба меѓу украински МиГ-29 и руски камиказа дрон Шахед-136 на небото над Виница.
Во борбата, дронот излезе како победник.
– До тој момент пилотот уништил пет летала: три на југот на Украина и два над Винитија, а ден претходно беа соборени и две крстосувачки ракети. Од технички причини пилотот изгубил контрола над МиГ-от, но успеал да лета надвор од градот и да се катапултира. Причините сѐ уште се утврдуваат – стои во образложението.
MIG – 29 pic.twitter.com/cMkLJng5to
— Pluton (@Pluton45873221) October 13, 2022
Што се камиказа дронови?
Според сајтот за класификација на воено оружје Military Factory, Шахед-136 тежи 200 килограми и има распон на крилата од 2,5 метри.
Го произведува иранската компанија за производство на авиони и е во употреба од 2021 година.
Британскиот министер за одбрана тврди дека беспилотните летала имаат радиус од 2.500 километри.
Тој смета дека нивната намера е да нападнат стратешки места на долг дострел низ Украина.
Украинската армија има се повеќе проблеми со овој дрон.
– Појавата на Шахед-136 го промени текот на војната и дополнително ги наруши одбранбените планови на Украина – изјави Цот Црино, основач и извршен директор на стратешката консултантска компанија Ред Сикс Солушнс.
Ukraine shot down five Russian helicopters, 19 drones on Oct 12 – Air Force Command
Meanwhile, Ukraine lost a fighter jet on a mission to destroy the Shahed-136 drones over Vinnytsia, its pilot ejected successfully, the Command reported.https://t.co/V6pro2pyhV
— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) October 13, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.