Нетфликс подготвува голема филмска година

Сподели со своите пријатели

Нетфликс објави најави за дури 70 филмови за 2021 година, што е најголем зафат досега.

Loading...

Таквата состојба стана можна во 2020 година, бидејќи киносалите не работат поради пандемијата на коронавирусот.

 

 

На списокот со филмови е вклучен еден од најскапите досега – „Red Notice“ – акциона приказна во која играат Двејн Џонсон, Рајан Рејнолдс и Гал Гадот, како и продолженија на романтичните комедии „The Kissing Booth“ и „To All the Boys I’ve Loved Before“.

Постојат и многу драми, вклучувајќи го и режисерското деби на Хали Бери и приказна во која играат Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс.

На платформата се свртеа и оние кои сметаа дека услугата за стриминг е чума што ќе уништи кинематографија, па Нетфликс стана едно од позначајните студија во услови на тотална изолација.

Loading...

 

 

Ривалските студија доцнат со проектите, бидејќи не се снајдоа толку добро во променетиот свет, па повеќето од нив ги одложија големите наслови до отворањето на кината.

Во текот на 2020 година, Нетфликс ги презеде и филмовите на оние студија што останаа без кина, што може да стане тренд и да остане навика дури и по пандемија.

Leave a Reply