Повеќе локални патни правци во општините Ранковце, Крива Паланка и Кратово се непроодни поради снег.
Како што информираат околу пладнево од Центарот за управување со кризи, во Општина Крива Паланка снежната покривка во градот е 11 см снег и во моментот нема врнежи. На местата на поголема надморска височина снежната покривка е поголема.
Магистралниот пат Ранковце – Крива Паланка е прооден , по влажен коловоз.
Регионалниот пат Ранковце – Герман е прооден само со теренско возило.
Регионалниот пат Ранковце – Ветуница е прооден , по влажен коловоз.
Локалните патишта во општина Ранковце се проодни по влажни коловози.
Магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир е прооден, по влажен коловоз.
Регионалниот пат Крива Паланка- село Огут е прооден , по влажен коловоз.
Регионалниот пат Крива Паланка – село Луке е прооден , во моментот се чисти патот со едно возило-камион.
Локален земјен пат село Дурачка река – Дренак е непрооден, поради висина на снег.
Локалните патишта во општината Крива Паланк се проодни, по влажни коловози.
На локален пат село Огут – село Нерав во моментот е пратена механизација за расчистување на патот од страна ЛС Крива Паланка.
На територија на Крива Паланка во село Т’лминци има излевање на Крива река , од десен брег 12 метри ширина. Работено е на санирање сабота и недела и делумно е санирано. Денеска се продолжува со работа.
На територија на општина Ранковце во село Псача на место викано стара брашнара водите од Крива река се прелеани преку пешачки мост (нема отсечени куки, мостот е од шасија и е изграден од месното население).
Во Општина Кратово во планинскиот дел кон селата Близанци, Мушково до Каврак, патот е со снежна покривка која изнесува од 10 до 50 цм. Патниот правец е тешко проден, само со теренски возила со зимска опрема.
По излевањето на реката во село Куклица кај база на Гранит, водата е повлечена во коритото и водотекот е нормализиран.
Центар за управување со кризи