Неофицијално: Уште двајца загинати полицајци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неофицијално, уште двајца полицајци загинале во утринските борби во Куманово, наводно во експолозија на бомба. Иако лекарите од кумановската болница се уште не ја потврдуваат информацијата, во Куманово од рано наутро говорат за смртта на полицајците од извори во Ургентниот центар.

Loading...

Иако повеќе од час и половина не се слушаат истрели од Дива населба, се шпекулира дека полицајците загинале во улични борби со терористите.

Идентитетот на шестмината загинати полицајци е познат, додека за новите загинати полицајци не се знае кои се и од каде доаѓаат.

Сите починати полицајци ќе бидат погребани денес.

 

Leave a Reply