05.12.2017 00:36

Нема да верувате колку црни дупки има во нашата галаксија


Расправата за бројот на црните дупки во Млечниот пат започнала уште пред година дена, набргу откако LIGO (Laser Interferometer Gravitational Wave Observatory) детектирал пукнатини во просторно-временската континуум кои настанале при судир на две црни дупки од кои секоја била со големина како 30 сонца.

Вселената крие голема тајна: Паралелниот универзум постои, а ова е доказ! (видео)

– Во основа, детекцијата на гравитациските бранови била голема работа, затоа што тоа била потврда за клучно предвидување на теоријата на Ајнштајн за релативитетот. Судирот на две масовни црни дупки не натера да го поставиме прашњето колку се чести црните дупки со овие големини и колку често тие се спојуваат, изјавил Џејмс Болук од Универзитетот Калифорнија.

Научниците веруваат дека поголемиот дел од црните дупки кои настанале при екплозија на масивни ѕвезди, имаат маса на нашето Сонце, пишува „Dinancial Express“.

 

loading...

 

Според мислењето на Маној Каплингат, професор од UCLA, бројот на црни дупки со оваа маса по галаксијата ќе зависи од нејзината големина.

Големите галаксии имаат ѕвезди кои се богати со метали, додека помалите галаксии обично се пополнети со голем број ѕвезди со малку метал.

Зошто универзумот се уште не се распаднал?

Ѕвездите кои имаат многу тешки елементи, како нашето Сонце, поголемиот дел од таа маса ја потрошат во текот на „животот“.

Кога ќе дојде крајот на животот на ѕвездата и ќе се формира супернова, оние кои ја потрошиле својата маса не можат да направат џиновски црни дупки.

 

 

Од друга страна, големите ѕвезди со малку метали не ја трошат лесно својата маса, па при супернова сета таа маса заминува во црната дупка.

Научниците пресметале дека само во нашата галаксија се формираат околу 100 милиони црни дупки.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments