Нема да верувате каков воден парк поседува Северна Кореја (видео)

Сподели со своите пријатели

Светските медиуми кон почетокот на годинава објавија фасцинантни фотографии на кои е прикажано како елитата во Северна Кореја ужива во аква парк. Малата група луѓе е единствената која добро живее во оваа земја, додека останатиот дел од народот минува низ пекол.

Аква паркот „Мунсу“ располата со затворени и отворени базени, машини кои произведуваат бранови, тобогани, „мрзелива“ река и теретана на два ката.

Девојка која избегала од Северна Кореја сведочи за погубувања и сексуалните робинки на Ким Џонг Ун

Loading...

Изградбата на овој парк ја нарачал Ким Џонг Ун, а ја изградила неговата војска во самото срце на Пјонгјанг, пренесува Дејли Мејл.

Цената на билетот ако престојувате во паркот четири часа изнесува осум евра, а просечен приход во Северна Кореја неделно изнесува 27 евра.

Со самото тока се покажува дека овој парк исклучително е достапен само за елитата. Без разлика на тоа, туристите тврдат дека ова е најдоброто место каде странците можат да поразговараат со локалното население.

https://youtu.be/kYD2sdZvpyA

Тоа е многу важно, бидејќи властите за тоа многу водат смета. Аериел Шалев (32) од Израел рекол дека овој аква парк во Пјонгјанг за него е најдоброто место каде може да разговара со локалците.

– Разговарав со студенти во базено и тоа беше автентично искуство. Донесов шест топки на надувување за да се играм во базенот, а локалното население беше среќно што такво нешто може да види, рекол тој.

Туристите кои ја посетуваат Северна Кореја не можат самостојно да патуваат, а гостите секогаш со себе имаат водичи. Шалев, адвокат од Тел Авив, рекол дека дури и во гардероберот немал приватност.

Северна Кореја има свој посебен „смартфон“ (фото)

Ниту во овој парк не може да се избегне култот на личноста на лидерот на Северна Кореја, па посетителите мораат на влезот да се поклонат пред статутата на Ким Џонг Ил.

Адвокатот додава дека во овој аква пар се чувствувате како да сте во сонот на Волт Дизни.

Според пропагандата на Северна Кореја, овој парк е изграден за да народот ужива во предностите на социјалистичката цивлизација.

Шокантни снимки од мачење протекоа од затвор во Северна Кореја (видео)

Пјонгјанг тврди дека паркот во првата година го посетиле 880.000 луѓе, меѓутоа извештаите покажуваат дека паркот во првата половина на 2016 година го посетиле 100.000 луѓе.

Покрај пливањето, овој парк има и пекара, кафетерија, ресторан со брза храна, пивница, фризерски салон каде можете да добиете една од 28-те одобрени фризури.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.