Неколку локации во Куманово денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово и околината во текот на денешниот и утрешниот ден ќе останат без електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат улиците „Миле Кипра“, „Ангел Дуци“ и дел од булеварот „3та МУБ“ (околу маркетот „Рамстор“).

Во текот на утрешниот ден прекини ќе има во руралните стредини. Од 08:00 до 15:00 часот електрична енергија ќе немаат селата: Челопек, Пелинце, Коинце, Алгуња, Враготурце, Никуљане, Четирце и Карабичане.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Image by Andrew Martin from Pixabay

Leave a Reply