Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд на повисоките места.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу седмиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 22 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу седмиот степен, а дневниот максимум ќе се искачи до 20 степени целзиусови.
Среда носи сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне 22 степени целзиусови.
Во четврток ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 22 степени целзиусови.

Облачно време ќе имаме во петок со слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 12 до максимални 22 степени целзиусови.
И во сабота ќе имаме облачно време со слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максимумот ќе достигне 22 степени целзиусови.
Недела носи променливо време со услови и за сонце, но и за нестабилност со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 24 степени целзиусови.

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела, со благ пораст на температурите.
Никола Ивановски

