Неделна прогноза за Куманово: Подгответе се за вистинска зима!

Сподели со своите пријатели

Во Македонија денеска ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи.

Loading...

Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец.

Поради продор на постудена воздушна маса од север, од вторник се очекува ново заладување со локални врнежи од дожд и снег, кои поради натамошно опаѓање на температурите, во среда и петок ќе бидат претежно од снег, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Неделна прогноза за Куманово

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе изнесува нула степени, кога врнежите од дожд можат да бидат во комбинација со снег, особено на повисоките места. Во текот на денот ќе имаме врнежи од дожд и максимална температура од четири степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре нѐ учекува слично време, со врнежи од дожд, но и благ пад на температурата. Во утринските часови температурата ќе биде четири степени под нулата, а максималната дневна ќе достигне три степени.

Среда носи поголем пад кога станува збор на утринската температура, но и веројатно првиот снег годинава. Според најавите можни се врнежи од снег и налети на ветер. Утринската температура ќе биде длабоко во минусот, односно седум степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне четири степени.

Среда всушност ќе биде и последниот ден од оваа недела кога дневниот максимум ќе биде во позитива.

Во четврток врнежите конечно ќе престанат. Ќе имаме сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе се спушти до -7 степени, додека максималната дневна ќе се движи околу нула.

Петок носи променливо облачно време со слаби услови за врнежи од снег. Температурата во утринските часови ќе биде шест степени под нулата, додека максималната дневна ќе изнесува -2 степени.

Претстојниот викенд ќе имаме најниски температури.

Во сабота нѐ очекува претежно облачно време. Утринските температури ќе бидат дури девет степени под нулата, а максималната дневна ќе достигне само -3 степени.

Loading...

Недела носи нови врнежи, но овој пат од снег. Утринската температура ќе изнесува минус десет степени, а дневниот максимум само четири степени под нулата.

 

 

Ниските температури ќе се задржат и на почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply