Неделна прогноза за Куманово: Денеска услови за невреме

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Наместа врнежите, како што потенрицаат од УХМР, ќе бидат обилни, од 20 до 40 l/m2 воден талог со пороен карактер и појава на ретки грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од јужен правец (над 70 км/час).

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цариниците запленија 6.800 евра на ГП Табановце (ФОТО)

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 6 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 16 степени целзиусови.

Од УХМР за регионот на Куманово се издадени два жолти метео аларми, едниот за опасност од врнежи од дожд, а вториот за силен ветер.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу три степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 12 степени целзиусови.

Среда носи разведрување, однсоно претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од 5 до 16 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од пруга, стрништа и приватен имот изгореле во пожарот во Агино село

Во четврток ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу три степени, додека максималната дневна ќе достигне 10 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Претежно обначно со кратки сончеви периоди, ќе биде времето низ кумановско во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 1 до максимални 9 степени целзиусови.

Сабота носи променливо облачно време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура во утринските часови ќе се движи околу три степени, додека дневниот максимум ќе достигне 13 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  51-годишен кумановец натепан на градскиот плоштад

Променливо сончево време ќе имаме во недела кога ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, а максималната се очекува да достигне 16 степени целизусови.

 

Loading...

 

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски