Не му било доволно што го уапсиле: Полицијата објавила видео за да им одржи лекција на дивите возачи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украинската полиција уапсила возач кој неодамна ги изгубил нервите и го преминал островот на раскрсница за време на сообраќаен метеж во Киев.

Loading...

Заменик началникот на полицијата објави и видео на Фејсбук со цел на сите да им ја покаже ароганцијата на возачот.

Како што се забележува, тој едноставно почнал да вози преку тревата, игнорирајќи ги сообраќајните правила.

– Го идентификувавме сторителот и го изведовме пред лицето на правдата, како за прекршување на сообраќајните правила. На крајот ја призна вината – соопштија од полицијата.