НЕ ГИ ИГНОРИРАЈТЕ ЗНАЦИТЕ: Овие промени на лицето укажуваат на опасни проблеми во телото

Сподели со своите пријатели

Обликот и изгледот на лицето, како и бојата на тенот, можат да ја откријат здравствената состојба на бројни органи во телото.

Loading...

Промените на лицето често се безопасни, но во некои случаи може да укажат и на сериозни промени во телото. Кога не сте сигурни која е причината за овие промени, најдобро би било да се консултирате со лекар.

Погледнете го лицето и спречете развој на посериозни проблеми.

 

 

Осип

Главно се јавува како последица на лошо функционирање на желудникот или цревата.

Loading...

Испукани усни

Испукани усни, особено во аглите, може да се појават поради недостаток на витамини од групата Б. Ако и јазикот е со наслаги, тогаш е скоро сигурно дека на телото му недостасуваат овие витамини.

Витамините Б-комплекс се борат со воспаленија, а нивниот недостаток најчесто се манифестира кај вегетаријанци и луѓе кои од менито изоставуваат млеко и млечни производи, јајца и риба. За оние кои избегнуваат храна од животинско потекло, грашокот и спанаќот се богатство на витамини од групата Б.

Жолти дамки

Жолтите дамки околу усните, очите и носот можат да предупредат на висок холестерол, што може да се провери доколку масната храна се исфрли од исхраната неколку дена. Доколку нема подобрување, неопходна е посета на лекар.

Ако целото лице добие жолтеникава нијанса, треба да се испитаат црниот дроб и жолчното кесе.

 

Loading...

 

Млечно-бела кожа на лицето

Оваа боја на кожа може да укаже на два проблеми, анемија, но и нарушено здравје на дишните патишта. Во овој случај, најдобро е прво да ја проверите крвната слика.

Сува, безживотна и кожа без сјај

Оваа состојба на кожата може да укаже на болести како што се дијабетес и ендокрини заболувања.

Мрсна кожа

Често укажува на хиперфункција на лојните жлезди. Во овој случај, пожелно е да се испита работата на органите за варење.