Наскоро нови американски санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Американскаката министерка за финансии Џенет Јелен денеска објави дека САД ќе воведат нови санкции против транснационалната мрежа на поединци и компании кои работат на набавка на воени технологии што се користат за руските воени дејствија во Украина.

Loading...

На маргините на самитот на Г-20 во Бали, Јелен изјави за новинарите дека санкциите ќе бидат насочени кон 14 физички лица и 28 деловни субјекти, вклучително и финансиски посредници, но одби да даде детали за тоа каде се наоѓаат и најави дека наредбата ќе биде издадена подоцна денеска во соопштение.

„Ова е дел од нашите засилени напори да ги запреме воените активности на Русија и, преку санкции и извозни контроли, да и се ускрати на Москва потребната опрема“, рече Јелен, одбивајќи да даде детали за тоа кои технологии ќе бидат насочени кон новите санкции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.