Наредба за целосна мобилизација на здравството во Хрватска

Сподели со своите пријатели

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош објави дека наредил целосна мобилизација на здравството.

Loading...

Берош на својот Фејсбук профил напиша дека моменталната состојба со коронавирусот во Хрватска ги принудува сите во здравствениот систем на вонреден ангажман, од лекари од примарна здравствена заштита, амбуланти, институти за јавно здравје до сите болници кои згрижуваат пациенти.

– Како министер за здравство, наредив целосна мобилизација на целиот систем на јавно здравје во Хрватска. Сега е време да покажеме вистинска посветеност на нашиот повик, напиша Берош.

Пандорка Арсовска-Гацова

Leave a Reply