Нарачала Ајфон од 1.800 евра, кога го отворила пакетот се заледила од глетката (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Каула Лафхајли (32) од Лондон не можела да им верува на своите очи кога ја отворила кутијата во која требало да се наоѓа нејзиниот нов iPhone 13.

Loading...

Имено, таа преку една фирма го нарачала уредот кој чинел 1.500 фунти (околу 1.800 евра), а тие наводно ѝ го испратиле на адреса.

Следниот ден, кога требало да биде испорачан уредот, на жената ѝ се јавил курир кој рекол дека е заглавен во сообраќај и дека ќе доцни.

Тој ден никој не се појавил со пакетот, а следниот ден Каула и нејзиниот сопруг од прозорецот на доставувачот виделе како доаѓа во куќата, ја фотографира и заминува, без да се обидат да заѕвонат на вратата и да го предадат пакетот.

– Откако нарачката не стигна тој ден, се јавивме во курирска служба да видиме за што се работи. Ни кажаа дека курирот ги известил дека се обидел да го достави пакетот, но дека немало никој дома, што е апсолутна лага, бидејќи бевме таму – изјавила жената за локалните медиуми.

Таа додаде оти ѝ рекле дека пакетот ќе биде испорачан следниот ден, што и се случило.

– Дојде уште еден курир, уредно го донесе пакетот и си замина. Меѓутоа, вистинскиот шок дојде кога ја отворив кутијата: внатре немаше Ајфон, само шише течен сапун за раце што чини околу 2 евра – рекла жената и продолжила:

– Можеш ли да замислиш? Бев во целосен шок и навистина ми требаше телефон. Дефинитивно беше украден и тоа е страшно. Уплатив 150 фунти однапред и потпишав договор за 36 месеци, чија вредност е 1.500 фунти – истакна таа.

Loading...

Измамената жена вели дека веднаш стапила во контакт со компанијата од која го нарачала телефонот, која тврдела дека го испратила.

Се претпоставува дека телефонот бил украден на пат кон неа, но конечниот збор што точно се случило ќе го даде истрагата.