Намален број на кривични дела, лани во Куманово

Сподели со своите пријатели

Намален број на кривични дела, зголемена бројка на расчистени дела, но и зголемен број на сообраќајки и нарушувања на јавниот ред и мир, бележи кумановската полиција за 2017-та година.

Loading...

Во текот на 2018 година на подрачјето на СВР Куманово регистрирани се вкупно 1.404 случаи, што претставува намалување во однос на 2017 година кога биле евидентирани 1.189 кривични дела од различни области на криминалот.

Од тој број на кривични дела, 766 биле извршени од страна на непознат сторител, при што во 231 случај сторителите се идентификувани, односно откриени и тие случаи се целосно расчистени за разлика од 2017 година, кога се бележи зголемување на бројот на откриени непознати сторители, соопштија од МВР.

Истовремено информираат од Министерството за внатрешни работи, расчистени се сите кривични дела со познат сторител, односно, 638, така што вкупната реализација на кривични дела и нивно правно процесуирање за 2018 година изнесува над 62 проценти или за околу шест проценти повеќе од 2017 година.

Во текот на 2018 година беа поднесени и 803 кривични пријави со што беа опфатени 1.131 сторители, што, споредбено со 2017 година, претставува зголемување од околу 30 проценти, за поднесените кривични пријави, односно 18 отсто за пријавените сторители.

Полициските служби од СВР Куманово работат и на расветлување на другите евидентирани случаи на сторени кривични дела.

Најзастапени се кривични дела од областа на класичниот криминал, околу 87 проценти или 1.230 дела, следат оние од областа на економскиот криминал осум проценти, кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога, 3,5 проценти.

Во однос на состојбата во областа на јавниот ред и мир во текот на 2018 година на подрачјето на СВР Куманово евидентирани се 447 случаи што е зголемување во однос на 2017-та година кога биле евидентирани 419 прекршоци по основ на нормите од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Loading...

Изминатата година се пријавени 571 лица повеќе во однос на претходната година кога биле пријавени 548 лица, а во 2018 година биле поднесени 447  барања за поведување на прекршочна постапка.

Во 2018 година на подрачјето на СВР Куманово биле евидентирани 524 сообраќајни незгоди, за 26 повеќе во споредба со 2017 година, при што голем дел се случиле во делот на автопатот Куманово-Скопје. Од таа бројка со потешки последици се регистрирани 305, а од нив шест сообраќајки имале трагичен епилог, односно осум лица го загубиле животот, а во останатите 219, сообраќајни незгоди се со материјална штета. 

Leave a Reply