Највисока инфлација во Италија во последните 30 години

Сподели со своите пријатели

Инфлацијата во Италија достигна седум отсто, што не се случило од 1991 година, објави италијанскиот институт за статистика.

Loading...

Италијанскиот институт за статистика објави податоци кои покажуваат дека цените пораснале за 1,2 отсто на месечно ниво, а седум отсто на годишно ниво, а инфлацијата, која не запира деветти месец во март, достигна речиси седум отсто.

 

Колку ја чини Русија војната во Украина?

 

Цените на дизелот за возилата се зголемени за 38,3 отсто, на бензините за 31 отсто, на парното за 37,4 отсто, а на останатите горива за 45 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја: Со шпионски сателит ги фотографиравме Белата куќа, Пентагон, носачите...

Струјата поскапе за 65,5 отсто, а природниот гас поскапе за 4,6 во однос на февруари.

Бензините повторно поскапеа и во Милано во средата цените беа над две евра и кај бензинот и кај дизелот.

Loading...

И храната поскапе за 5,8 отсто.

 

„Кога ќе заврши конфликтот, ниту светот ниту Украина нема да бидат исти“

 

Италијанското здружение за заштита на потрошувачите „Кодаконс“ смета дека ваквото зголемување на цените е вистинска трагедија и дека тоа ќе ги чини италијанските семејства 2.674 евра повеќе годишно, додека семејствата само за храна ќе треба да одвојуваат уште најмалку 434 евра годишно.

Зголемувањето на цените на гасот и струјата им отежна на италијанските семејства да ги платат сметките.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  COP28: ОАЕ планирале да ги искористат преговорите за климата за да склучат договори за нафта